Денеска се одбележува 1 април – Денот на шегата. Ова не е национален празник, но насекаде во светот се прославува како ден кога многумина прават шеги и будалаштини.

Вообичено, на овој ден во земјава дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, ликови од цртани филмови…

Во охридските училишта Денот на шегата ќе биде одбелжан со дефиле под маски, додека вечерва во Охрид Мол ќе биде организиран настанот „Маски и шеги“ со почеток во 18 часот, во рамки на кој предвидено е да бидат избрани најкреативна маска и најкреативна шега.

OhridNews