На Државниот натпревар „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ кој се одржа во Богданци во конкуренција на повеќе стручни училишта од Македонија, учениците Денис Вељаноски, Вероника Петроска, Ана Стојаноска, Елена Стаменкоска, Дамјан Чолакоски, Андреа Бимбилоска, Марио Здравески, Тамара Црвенкоска, Јован Андов, Давид Димоски, Џани Луманоски, Армин Абас, Ибрахим Фазли, под менторство на професорките Катерина Џамбазоски, Елена Спировска и Катерина Тодороска, учествуваа во категоријата Најдобар штанд и освоија 1-во место, информираат од од РЦСОО „Ванчо Питошески“.
Овој успех е резултат на труд, посветеност и тимска работа, кои уште еднаш покажаа дека знаењето и упорноста водат до врвни достигнувања. Продолжуваме со истата енергија и мотивација кон нови предизвици и победи, додаваат.
OhridNews
















