Стравувањата на Пари Сент Жермен околу повредата на Нејмар се остварија, откако деталните прегледи покажаа сериозна повреда односно фрактура на зглобот на Бразилецот.

Репрезентативецот на „кариоките“ на носилки беше изваден од игра на дербито со Лион во рамките од дербито во француската лига. „Светците“ иако се уште официјално ја немаат потврдено информацијата за отсуството на Нејмар, сепак паузата за ваков вид на повреда трае околу 2-3 месеци.

ПСЖ без Нејмар видно ќе биде ослабен во пресрет на реваншот со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони кој на програмата е на 6 март. Во првиот меч „кралевите“ славеа со 3-1, а „светците“ без Нејмар во составот ќе бидат пред (не)возможна мисија.

OhridNews