Белата куќа објавила извештај во кој се наведува дека опасната комбинација на депресија, адолесценција и пушење марихуана може да доведе до зависност, ментални заболувања и самоубиствени мисли.


Извештајот на Уредот за националната политика за контрола на дрогата во Белата Куќа, објавен во петокот, наведува дека тинејџерите кои во текот на минатата година биле во депресија имаат два пати поголеми шанси да пробаат марихуана од тинејџерите кои не биле депресивни, 25% наспроти 12%. Директорот на Уредот Џон Вотерс изјавил дека пушењето марихуана може да доведе до доста посериозни проблеми.

Во извештајот се наведува дека конзумацијата на марихуана го зголемува ризикот од ментални заболувања за 40%, па тинејџерите кои пушеле марихуана барем еднаш месечно во текот на година дена трипати почесто помислуваат на самоубиство.