Утре во просториите на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ – Охрид, ќе се одржи работилница посветена на воведување на нова метода во третманот на периферна артериска болест со користење на системот Jetstream Atherectomy.
Со оваа метода се третираат специфични промени на периферните артерии. Ова ќе значи натамошно унапредување на квалитетот на здравствените услуги за пациентите со периферна артериска болест, подобрување на нивниот квалитет на живот, избегнати сложени хируршки интервенции и инвалидитет. Остануваме лидери во третман на периферна артериска болест, велат од Болницата.
OhridNews













