Ноќеска во 01:21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, со возило на Итната медицинска помош од Охрид, во Клиничкиот центар во Скопје, со тешки телесни повреди била донесена 41-годишна жена од Охрид.
Од преземените мерки, констатирано е дека жената повредите ги здобила на работно место во фабрика во Охрид од каде, најнапред била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид а потоа, поради сериозноста на повредите, префрлена е на клиниката во Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
СВР Охрид во соработка со трудовата инспекција, презема мерки за расветлување на настанот, посочи Димоски.
OhridNews













