Фудбалерите на Јувентус го презедоа врвот на табелата во Серија А после минималната победа (1-0) во 154-то градско дерби со Торино во 25-та рунда од шампионатот.
Играчите, стручниот штаб и навивачите на Јувентус имаа причини за радост, но и за тага, бидејќи на почетокот од мечот поради повреда со поткривнување излезе Гонзало Игуаин. И без него во составот „бјанконерите“ успеаја да постигнат погодок преку Алекс Сандро и на рецепт познат само за нив да ги освојат трите бодови.
Повредата на Аргентинецот на прв поглед изгледаше многу сериозна, затоа што голманот на Торино, Сиригу падна на ногата од Игуаин која беше на земја. Сепак, Игуаин остана со соиграчите на клупата, што веројатно значи дека повредата не е сериозна.
Наполи на првата позиција на табелата ќе може да се врати ако успее пред своите гледачи да го совлада составот на Спал.
OhridNews