Екипите при Ј.П. „Охридски Комуналец” интервенираа во расчистување на локациите каде континуирано се депонира непотребен кабаст отпад од домаќинства, градежен и зелен отпад.

Како резултат на несовесно однесување на поединци, повторно беа мапирани три диви депонии во с. Трпејца кои претставуваат закана по здравјето на луѓето и ја загадуваат животната средина, велат од претпријатието.

Ангажирани беа повеќе дежурни екипи и специјална механизација за расчистување на локациите и транспорт на отпадот, а подигнати се 20м3 отпад. Секое нелегално фрлање отпад надвор од предвидените наменски локации за депонирање отпад претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загрозува животната средина, велат од претпријатието.

OhridNews