Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата. Под условите определени со конкурсот, државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.
Паричниот износ на државната награда „Св.Климент Охридски” изнесува десет просечни месечни плати во Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година. Ова државно признание , по правило, се доделува секоја година, а во една година може да се доделат најмногу до пет награди. Иницијатива за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.
Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2012 година.