Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА го објави распоредот на богослужбите за претстојните Велигденски празници.

На Велики петок – Царски часови со вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 07:00 часот. Митрополитот Георгиј ќе богослужи во црквата „Св. Георгиј“ во Охрид. Вечерта од 18:00 часот ќе се одржи „Оплакување и опело на Христа“. Митрополитот Георгиј ќе богослужи во црквата „Св. Богородица“ Каменско.
Во сабота, во сите парохиски цркви ќе се служи Василиева литургија, со почеток во 08:30 часот.
Воскресната богослужба по повод големиот празник Велигден, во сите градски цркви ќе започне во 23:30 часот. Архиерејска литургија ќе се одржи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.
OhridNews












