Поради зачестени пријави за пожари на отворен простор, СВР Охрид, ќе ги интензивира превентивните активности и контактите со граѓани и институции, со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор.

Вчера полициски службеници контактираа со претставници од месната заедница во селото Издеглавје како и со други жители на општината Дебрца и низ кратки разговори, ги информираа за општите мерки за заштита од пожар, за посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари при движење низ шумските појаси како и за казнените одредби по овие основи. Полициските службеници, посебно ја нагласија потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење, соопшти СВР Охрид

Вчера, пак, пожар е регистриран во населбата Езерски лозја во Струга. Во 15.30 часот, во ОВР Струга било пријавено дека непознат сторител, со обивање на приземниот прозорец, насилно влегол во куќа лоцирана во струшката населба „Езерски лозја“ и извршил опожарување на дел од мебелот и покуќнината.

Повредени лица нема а интервенирала територијалната противпожарна единица. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

OhridNews