Библиотерското здружение на Македонија традиционално го организира 26-от Републички натпревар „Млади библиотекари“. Регионалниот натпревар НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе го одржи на 8 април – среда во просториите на Библиотеката со почеток во 10 часот.
Право на учество на натпреварот имаат членовите на библиотеките на Основните училишта од Охрид и Дебрца до 14 годишна возраст. За подготовка учесниците на натпреварот треба да користат: Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“, во издание на Библиотекарското здружение на Македонија според кој ќе се формираат и прашањата. Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од еден час (60 минути). Натпреварувачите се потпишуваат со шифра, информираат од Библиотеката.
Победникот од натпреварот, велат, се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар, кој оваа година ќе се одржи во Дом на култура „Драги Тозија“во Ресен на 15 мај оваа година.
Основните училишта од општините Охрид и Дебрца најдоцна до 27 март треба да ја информираат Библиотеката за учеството и бројот на натпреварувачите, додваат.
За какви било информации заинтересираните може да се обратат во НУ-Библиотека „Григор Прличев“ Охрид или на 046/ 264-838.
OhridNews













