Од почетокот на 2012 година кога беше евидентирана бројката од 8.105.569 посетители заклучно со крајот на јули годинава веб сајтот на МВР го посетиле 1.908.646 посетители што речиси ја достигна бројката посетители остварена минатата година, кога беа регистрирани 2.259.766 корисници на услугите и информациите на сајтот на МВР.
Сето ова се должи на динамичното прилагодување и техничка надградба на веб сајтот на МВР што се реализираше во изминатиот период при што интернет страницата, покрај својата основна информативна цел, наедно беше поинтензивно ставена и во функција на нудење други услуги на граѓаните во доменот на работа на министерството, велат од министерството од каде додаваат дека интернет страницата е збогатена и со низа содржинско-графички подобрувања направени во текот на 2010/2011 година.