Американската пејачка Бијонсе постави рекорд кај Греми наградите откако ја освои оваа престижна музичка награда по 28. пат во женските категории.
Многу сум почестена и возбудена, рече Бијонсе, прифаќајќи ја наградата за најдобра изведба во категоријата Ар-ен-би.

Со својата 28. Греми награда, Бијонсе се изедначи со продуцентот и композитор, легендарниот Квинси Џонс. Само диригентот Џорџо Солти е награден со Греми неколкупати повеќе од нив – вкупно 31 награда.
OhridNews











