Без победник (1-1) заврши пресметката на Вембли помеѓу Англија – Италија, додека Аргентина без Лионел Меси во составот претрпе висок пораз од Шпанија (6-1) во најинтересната средба од контролните мечеви.
„Црвената фурија“ со головите на Диего Коста и Иско во првата третина од натпреварот најавија победа на дуелот со „гаучосите“. Негативата на аргентинците ја ублажи Николас Отаменди пред крајот на првиот дел. Во 52-та минута Иско зголеми на 3-1, а три минути подоцна Тијаго Алкантара погоди за 4-1. Гол шоуто на шпанците продолжи со погодокот на Иаго Аспас, а точка на големата победа стави Иско кој комплетираше хет трик.
Англичаните без победа пред своите гледачи на Вембли против Италија останаа поради одлуката на Дениз Ајеткин да досуди пенал после прегледувањето на видео снимката, односно користење на ВАР системот. „Гордиот албион“ поведе со голот на Џејми Варди, а „азурите“ изендначија преку Лоренцо Инсење во 87-та минута.
Значајна победа во овие контролни средби забележа Србија која славеше над Нигерија 2-0, додека Бразил во Берлин со 1-0 ја совлада Германија.
OhridNews