Со реванш натпреварите во 1/8 финалето во Лигата на Европа продолжуваат клупските возбудувања на стариот континент.
Осминафиналната програма ќе ја отворат Локомотив Москва и Атлетико Мадрид кои ќе се судрат во 17 часот часот. Во 19 часот се дуелите помеѓу Атлетик Билбао – Олимпик Марсеј, Динамо Киев – Лацио и Зенит – Лајпциг. Завесата на осминафиналните мечеви ќе ја спуштат Арсенал – Милан, Лион – ЦСКА Москва односно Салзбург – Борусија Дортмунд.
Двојки: Локомотив Москва – Атлетико Мадрид (0-3), Атлетик Билбао – Олимпик Марсеј (1-3), Динамо Киев – Лацио (2-2), Викторија Плзен – Спортинг Лисабон (0-2), Зенит – Лајпциг (1-2), Арсенал – Милан (2-0), Лион – ЦСКА Москва (1-0), Салзбург – Борусија Дортмунд (2-1).
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews