На Одделението за гинекологија и акушерство Охрид се роди сто дваесеттото бебе. Од Болницата посочуваат дека се горди што се дел од приказната на 120 семејства и продолжуваат да ја градат довербата.

Од почетокот на 2026 година од 1 јануари досега на Одделението се родија 120 деца, што е зголемување од 35% споредбено со претходната година за истиот период, вели Д-р Мимоза Влаши раководител на Одделението за гинекологија и акушерство.

Дополнително, посочува, зголемен е и обемот на гинеколошки интервенции вклучувајќи ги и хистероскопските интервенции, што од неодамна за прв пат ги воведовме во регионот.

Следниот чекор ни е воведување на лапароскопски операции, како и унапредување на квалитетот на породувањето со епидурална и спинална анестезија. Современите пристапи и новите третмани веќе даваат конкретни и позитивни резултати, потенцира Д-р Влаши.

Н.С.Ј.