Кристијано Роналдо поради својот победнички менталитет и не прифаќањето на пораз не е омилен кај противничките навивачи. Но, синоќа во Торино се` се промени, откако Португалецот се надмина себеси и доби аплаузи од навивачите на Јувентус после вториот погодок кој сигурно ќе биде во тесна конкуренција за гол на годината.

Најдобриот фудбалер во светот го постигна и водечкиот погодок за Реал Мадрид во победата 3-0, а запиша асистенција за третиот погодок кој беше дело на Марсело. – Тоа што го направија за мене е неверојатно. Никогаш во кариерата не му се случило вакво нешто. Пресреќен сум. Само ќе кажам „Грацие“ (благодарам). – изјави ѕвездата на Реал.

 

Роналдо со двата голови против Јувентус успеа да постигне голови на десет последователни мечеви во ЛШ. До сега рекордот беше на Руд ван Нистерлој кој погодоци постигнуваше на девет мечеви во серија. 

OhridNews