Легандарниот бразилски напаѓач Роналдо смета дека јавноста и медиумите не ги почитуваат доволно играчите на Барселона на ниво како што го прават тоа со Лионел Меси. За елиминацијата од Ливерпул во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони, шпанската јавност прстот го впери во Филипе Кутињо, Иван Раќитиќ и тренерот Ернесто Валверде, а исти третман не добија останатите фудбалери и Меси кои исто така беа дел од екипата.

  • Барселона е одличен тим и го имаат најдобриот фудбалер во светот Меси. Но, не ми беше добро кога слушав дека за поразот и елиминацијата од Ливерпул се криви дел од играчите, а не и Меси. Во победите се величи Меси, а во поразите не се ни спомноува. Тоа покажува недостаток на почитување кон играчите и тренерот. – изјави Роналдо.

Барселона во првиот меч на крилата од Меси го совлада Ливерпул 3-0, но на реваншот англичаните победија со 4-0 и обезбедија пласман во финалето. „Црвените“ од Енфилд во финалето силите ќе ги одмерат со Тотенхем.

OhridNews