Во пресрет на 8 Март, Денот на жената, екипа на ЈП Градски пазар Охрид денес традиционално повторно ја разубави атмосферата. Поделија рози и насмевки на посетителките на пазарот.
Традицијата која трае веќе 10 години продолжува и оваа година, потсетувајќи нѐ на почитта, вниманието и благодарноста кон сите жени. Мал гест, но голема радост – затоа што секоја жена заслужува внимание не само денес, туку секој ден. Среќен претстоен 8 Март драги дами, велат од ЈП Градски пазар Охрид.
OhridNews















