Саем за образование и кариера ќе се одржи во петок, 24 април, со почеток во 11:00 часот во просториите на Младински Центар Охрид (Поранешна Касарна).

На саемот ќе учествуваат околу 20 образовни институции (факултети и средни училишта) од целата држава, како и претставници на АВРСМ и Асоцијацијата на кариерни советници, кои ќе обезбедат кариерно советување и директни информации за можностите за образование и вработување. Се очекува присуство на голем број ученици од основните и средните училишта од Охрид и Струга, што го прави овој настан особено значаен за локалната заедница, додаваат.
OhridNews













