Саемот за образование и кариера кој се одржа во Младински Центар Охрид по четврти пат ги обедини младите и нивните идни можности на едно место.

Оваа година учество зедоа 15 високообразовни институции од државата, 4 средни училишта од Охрид, Агенцијата за вработување, Асоцијацијата на кариерни советници на Македонија и Коалиција СЕГА, со својата нова програма за младински можности „Star Study MK“.

Саемот го посетија повеќе од 400 млади и возрасни, кои имаа можност директно да се информираат, да поставуваат прашања и да добијат насоки за изборот на нивното образование и кариерен пат.  Овој настан е уникатен, бидејќи веќе четврта година по ред успева да обедини голем број образовни институции на едно место, овозможувајќи им на младите од Охрид и околината полесен пристап до информации и донесување на информирани одлуки за нивната иднина, посочуваат од Младински Центар Охрид.

Воедно, најавуваат дека со уште повеќе можности за младите ќе биде организиран Саем и следната година.

OhridNews