Самостојна изложба насловена „МОТИФ“ од уметничката Есра Дехар ќе биде отворена утре со почеток во 18:00 часот во НУ Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
На изложбата, како што информира Дехар, ќе бидат претставени околу 20 дела, изработени во комбинирана техника, акрил на платно и експериментални текстури.
Изложбата „МОТИФ“ претставува спој на традиционалните мотиви и современиот визуелен израз. Инспирацијата доаѓа од културното наследство, ориенталните орнаменти, килимите, текстурите и личната меморија, претставени преку модерен уметнички пристап, потенцира Дехар.
Делата, додава, за првпат ќе бидат изложени пред јавноста.
OhridNews













