Под мотото „Крени глас за иднината“, СДСМ денеска од струмичко го започнува проектот „Работно лето“.

-Како што најавивме за СДСМ ова лето нема да има одмори, како што гледате, нема да има ни викенди.Иако нашите општински организации, месни одбори се во постојан контакт со граѓаните, врвното раководство на СДСМ излегува на терен, директно меѓу народот, да ги слушнеме нивните проблеми, да ги слушнеме нивните предлози, но и да ги понудиме нашите решенија, изјави генералниот секретар на партијата Андреј Петров.

Тој најави дека преку предлозите кои ќе ги добие партијата од граѓаните, понудените решенија кои граѓаните ќе ги одобрат, преку нивните забелешки, ќе се исцрта програмата на СДСМ за наредните локални избори.

OhridNews