Советничката група на СДСМ со реакции во врска со одбивањето на последната седница на советот на 47 амандмани коишто СДСМ и коалиционите партнери ги поднесоа,како што велат, врз основа на потребите и барањата на граѓаните.

– Градоначалникот Бакрачески не беше присутен на оваа седница на којашто се расправаше за Програмите на секторите на општината, Програмите на Јавните претпријатија за работа за наредната година и Буџетот на општина Охрид.Факт е дека Бакрачески не го интересира кастрофалната економска состојба во којашто се наоѓа Охрид,рече на денешната прес конференција координаторот на советничката група на СДСМ,Јован Стојаноски.

Тој додаде дека со Буџетот за 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески продолжуваат со политиките “немаме за леб, а трошиме на чоколадо.”

– Граѓаните сеуште пијат вода од азбестни цефки а Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ се  расфрлаат со народни пари за реновирање на кејот којшто се наоѓа во добра состојба.
Граѓаните возат по руинирани улици а Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошат парите на граѓаните  за луксузни возила.Катастрофална е состојбата и со финансиите за донесувањето на урбанистичките планови. Се донесуваат само оние урбанистички планови кои се финансирани од приватни лица. Сите други граѓани кои немаат да инвестираат во изработка на урбанистичките планови, а веќе чекаат со години, ќе чекаат и понатаму.Според Буџетот за 2016 година, Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ги намалуваат средствата за хигиената во Охрид, за зеленилото, за животната средина. За Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните е на последно место,рече Стојаноски.

Како што велат од СДСМ,поради политиките на Никола Груевски и виртуелните проекти, Охрид е на првото место по бројот на иселени млади луѓе.

OhridNews