Денеска започнаа градежните активности за асфалтирање на улици во населените места Горно и Долно Лакочереј, во рамки на проектот за изградба на примарна канализациона мрежа.
Се работи за асфалтирање на улична мрежа со вкупна должина од 700 метри и ширина од 4,5 метри. Се поставуваат два слоја асфалт (7 + 5 см), согласно проектната документација. Со реализацијата на овој проект се подобрува инфраструктурата за жителите во овие населени места, велат од Општина Охрид.

OhridNews













