Се урива незаконски изградениот ѕид на плажата Градиште
18.05.20 13:24
Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“, информира денеска градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.
Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид. – објави на Фејсбук Георгиески.
Градежните работи на спорниот ѕид започнале во март годинава. Надлежен инспекторат и тогаш излегол на лице место и откако контатирал дека дејствијата се незаконски издал решение за уривање, кое не било испочитувано. По силните реакции на јавноста денеска беше извршен нов инспекциски надзор, по што започна уривањето на потпорниот ѕид изграден до самото езеро.
Како што веќе информиравме, овој еколошки инцидент се случува во исклучитено чувствителен период за Охрид, кој се бори да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, кој е доведен во прашање токму поради вакви случаи и несоодветна заштита.
Минатата седмица Антикорупциската комисија предложи одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга во постапувањето со дивоградбите.
Министертвото за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра кон Развојната банка, средствата наменети за поддршка на инвестиции во домашните компании Со последниот т...
Во рамките на „Вевчанско Лето 2026“ на 10 јуни во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ со почеток во 18 часот ќе биде отворена изложбата на детски ликовни творби од 4 Детска ликовна школа, орга...
1762 лица се регистрирани за невработени во Охрид согласно статистиката од Агенцијата за вработување на РСМ заклучно со мај годинава Од нив, 836 се жени, а 926 мажи За споредба во мај минатата годи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.