Водечката екипа во Премиер лигата, Манчестер Сити во 1/8 финалето ги заврши мечевите од ФА Купот, откако претрпе минимален пораз (1-0) од Виган.
Домашните фудбалери во 79-та минута преку Вил Григс ја искористија единствената шанса на натпреварот, додека „граѓаните“ не ја погодија целта и покрај 25-те удари кон противничкиот погодок.
Голема вина за поразот на Манчестер Сити има Фабијан Делф кој пред крајот на првиот дел имаше непромислен старт по кој заработи директен црвен картон и ги остави соиграчите на цедило.
Виган во името на Саутемптон повторно ќе има ривал од Премиер лигата. Претходно „латикси“ ги елиминираа Манчестер Сити, Вест Хем и Бурнмаут.
OhridNews