Кариерата на Самир Насри ќе се насочи кон уште поголема удолница, откако Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја потврди шестмесечната суспензија поради допинг.

Францускиот фудбалер додека играл за шпанска Севиља во Лас Вегас посетувал третмани на кои примал терапија со забранети супстанции од УЕФА и ФИФА.

Првичната казна за Насри беше две години, но УЕФА ја разгледа неговата жалба и ја прифати и суспензијата му ја намали на шест месеци.

Насри една сезона како позајмен играч беше дел од Севиља, а претходно шест сезони ги бранеше боите на Манчестер Сити. Французинот на островот во дресот на Арсенал се пресели од Олимпик Марсеј, а моментално е без клуб после завршување на договорот со Анталија Спорт.

OhridNews