Градоначалникот на Дебрца Златко Сиљаноски пред свечената литија со светите мошти на Великомаченица Недела во Оровник на 25 и 26 април упатува повик за обединување и заедничко споделување на оваа духовна радост.
Присуството на светите мошти во Оровник е редок чин и огормен благослов за секој дом и секое семејство. Да ја покажеме нашата слога и со почит да ја пречекаме оваа голема Светиња во недела. Да покажеме дека Дебрца е жива, дека ја почитува својата традиција и дека знае да се обедини околу вистинските вредности, вели Сиљаноски.
OhridNews














