Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.

Целта е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации, посочуваат од МВР.

Во рамките на вежбата, потенцираат, ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се слушаат звуци на користење на огнено оружје.

OhridNews