Црвен крст Охрид со несмален интензитет и посветеност продолжува со активностите за увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во образовните установи во Охрид и Дебрца.
Во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, планирано е на денес да се реализираат симулациски показни вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, во ООУ „Братство Единство“ во Охрид и тоа во објектот „Крст Џамија“ со почеток во 9:45 ч. и во објектот „Лескајца“ со почеток во 11:15 ч., при што ќе интервенираат соодветните институции, информираат од Црвен крст Охрид.
OhridNews













