На Мостот на уметноста во Скопје, кој се’ уште е во изградба поставена е скулптура на трагично загинатиот поп пеач Тоше Проески. Неговата е прва од вкупно 29 скулптури кои се планирани да се постават на овој мост, каде меѓу другото ќе бидат подигнати обележја на Блаже Конески, Живко Чинго, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Стефан Гајдов и многу други македонски истакнати личности и преродбеници.
Скулптура на Тоше Проески поставена во Скопје