Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Слаби врнежи од снег и дожд се бележат на планинските премини Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Крушево, посочуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, велат, е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
OhridNews
фото. Архива













