Деветата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на 28.04.2026 година (вторник) со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, а на Дневен ред се 51 точка.

Советниците ќе расправаат за измени и надоместок на услугите на јавните претпријатија, зонско паркирање, усвојување на Годишниот извештај и завршната сметка за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2025 година,  утврдување на реоните од кои се запишуваат ученици во oсновните училишта во општина Охрид, исплата на субвенции на општински јавни претпријатија, авто – такси превоз на патници, проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2026 година…

Повеќе детали на линкот.

OhridNews