Екипите на Крка и Сикст Приморска ќе ги одмерат силите во финалето од првото издание на јадранската Втора АБА лига.
Словенските колективи на завршниот турнир пласман во финалето обезбедија после победите над домаќинот Борац 86-82 односно Вршац 88-64 во полуфиналето.
Финалето се игра вечерва со почеток во 18 часот.
За пехарот во елитната АБА лига ќе се борат Црвена Ѕвезда и Будуќност. Серија во финалето завршува кога едната од двете екипи ќе стигне до три победи.
OhridNews