Француската лизгачка Габриела Пападакис се соочи со голема непријатност за време на настапот со нејзиниот партнер Гијом Сизерон кога и се скина костимот, но и покрај тоа успеа да ја заврши точката. Француската двојка заврши на второто место и утре ќе се натпреваруваат во конкуренција за олимписки медал.

– Веднаш почувствував штом се случи тоа. Тоа навистина е голем проблем, но си велев дека морам да продолжам. Ние двајцата на крајот имавме одличен настап, на кој можеме да бидеме горди без разлика на тоа што се случи. – изјави Пападакис по настапот.

На ЗОИ во Пјонгчанг сличен ваков проблем имаше и корејската лизгачка Јури Мин.

OhridNews