Норвешкиот стручњак на клупата од Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер ќе го има истиот стручен штаб следната сезона, кој го назначи веднаш после презамањето на палката во клубот. Најмногу оваа информација се однесува на најискусниот Мајк Фелан, кој потпиша тригодишна верност со „црвените ѓаволи“. Фелан, беше десна рака на Сер Алекс Фергусон, а Солскјер веднаш го повика штом пушти рака со челниците на клубот од Олд Трафорд.

  • Никогаш не се знае во фудбалот, но некои работи мора да бидат кристално јасни пред почетокот на сезоната. Фелан останува со нас и тој е многу важен сегмент во стручниот штаб од клубот. Неговото искуство и присуство е значајно за мене и за играчите, а посебно за навивачите со кои го врзуваат убави спомени. – изјави Солскјер.

Тој на средбата со медиумите пред мечот со Кардиф, кој ќе биде последен за „ѓаволи“ оваа сезона потврди дека Антонио Валенсија ќе го започне натпреварот и ќе се збогува со навивачите. Исто така го најави трансферот на Даниел Џејмс од тимот на Свонси.

  • Имаме неколку играчи кои ги идентификувавме како потенцијални засилувања. Се надеваме дека ќе ги доведеме. Клубот никогаш не купувал фудбалери кои се готов производ, туку секогаш ги развивал во врвни играчи. Најдобар пример се Роналдо и Руни, кои, во Јунајтед дојдоа како момчиња а прераснаа во врвни играчи. – додаде Солскјер.

Следната сезона Манчестер Јунајтед ќе се натпреварува во Лигата на Европа, откако отпадна од битката за ТОП 4 и пласман во Лигата на Шампиони.

OhridNews