Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Охрид времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура до 22 степени.

Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.

OhridNews