Сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утре утрото ќе биде ведро постудено со негативни утрински температури. Во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните делови (над 30 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.
OhridNews











