Станете дел од искусниот тим на алатничари во ЛТХ Леарница!
Во погонот во Охрид бараме нови соработници во одделот кои ќе се грижат за одржување, составување и поправка на леарските алатки, кои се клучни за висококвалитетно производство во автомобилската индустрија. Нудиме работа во современо работно опкружување, каде што вложуваме во технологијата и стручниот развој на вработените.
Дали сте прецизни, технички вешти и уживате во работа со алати? Тогаш ова е одлична можност за вас!
Главни задачи:
- миење на алатите во ултразвучна бања
- чистење на налепениот материјал на гравурите и површините на алатите за леење под висок притисок како и лизгачите од алатите за леење во работилницата
- замена на оштетените и скршените јадра
- поправка на оштетените гравурни делови (рачна обработка на споевите и компресираните делови) на машината за леење, во работилницата
- замена на оштетените прекинувачи на страничните лизгачи – јадра
- замена на различни хидраулични цилиндри на алатите за леење под висок притисок
- замена на јадра, вметоци, ножеви, пробијачи, уредите за водење
- поправка доколку има испуштање масло и вода од алатите за леење под висок притисок, замена на цевките, колената, спојките
- достава на алатите од леарницата и во неа
- грижа за чисто и уредно работно место
- почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
- грижа за чисто и уредно работно место – 5Ѕ и самоодржување
Очекуваме:
- V. степен, насока: техничка
- IV. степен, насока: металопреработувачка пожелно со 12-24 месеци искуство
- Разбирање на нацртите за конструкција
- прецизност
- соработка со останатите
- снаодливост
- организација на сопствената работа
- осет за простор и чистота
Услови за работа:
- Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени.
Нудиме:
- покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
- обезбеден оброк
- додатоци на плата
- исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
- исплата на новогодишен надоместок
- награди и бонуси согласно покажани резултати
Аплицирајте на нашата веб страница во делот за кариери и можности за работа:
Слободни работни места | LTH Castings
Ве очекуваме!
*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.