Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:
- Самостојно пресметување на системот за леење и изработка на нацрти
- Конструирање најсложени алати за леење под висок притисок
- Конструирање одлеаноци врз основа на скици односно цртежи
- Изработка на податочна банка за стандардни елементи за вградување во алатите
- Надоградување и изработка на интерните стандарди
- Подготовка на предлози и спроведување на процесите за постојано подобрување
- Комуницирање со нарачателите на алати со цел оптимирање на одлеаноците
- Самостојно оптимирање и потврдување на алатите
- Давање стручни упатства на надворешните конструктори на алати
- Обучување на вработените во конструкција
- Грижа за чисто и уредно работно место
- Почитување на прописите од областа безбедност при работа, екологија и енергетика
Од кандидатите очекуваме:
- Висок степен на образование – Завршен факултет по машинско инженерство или сродна област.
- Познавање на процесите на леење и изработка на алати, како и искуство со CAD/CAM софтвери за 3D моделирање (на пример, SolidWorks, AutoCAD, CATIA).
- Задолжително познавање на материјали , процеси на термичка обработка и оптимизација.
- Знаења од областа на хидраулика и пневматика
- Способност за решавање технички проблеми и оптимизација на производствените решенија.
- Способност за работа во тим и соработка со различни технички и производствени тимови.
- Отвореност за нови технологии и иновации во индустријата за леење.
- Основно познавање на англискиот јазик, особено за работа со техничка документација и софтвери.
На избраниот кандидат му нудиме:
- Конкурентна и атрактивна плата која ќе биде во согласност квалификациите на кандидатот.
- Работа во две смени, во зависност од производните потреби.
- Бенефиции како бонуси, плата за прекувремена работа, или дополнителни исплати за работа во сменски режим или специјални услови.
- Приватно здравствено осигурување,пензиско и инвалидско осигурување, како и други законски бенефиции.
- Регрес на годишен одмор согласно условите за стекнување на право на годишен одмор.
- Новогодишен надоместок.
- Обучување и континуирано усовршување преку технички тренинзи, курсеви и обуки во доменот на дејноста и автомобилската индустрија.
- Можности за напредување во кариерата, вклучувајќи можности за премин во водечка позиција или специјализирана област.
- Работа во модерна и технолошки напредна фабрика со автоматизирани машини и опрема.
- Поддршка на иновации и нови технологии во процесите на производство.
- Работа во технолошки напредно опкружување, со можност за работа со нови производствени технологии и софтвери.
- Работа во тим со искусни стручњаци, кои ќе понудат поддршка и менторство за вашиот професионален раст.
- Култура на соработка и иновација, каде што секој вработен има можност да придонесе за развојот на нови решенија.
- Обезбеден топол оброк и платени трошоци за превоз од и до работа доколку кандидатите живеат над 3 км оддалеченост од фирмата.
- Обезбедена заштитна работна опрема и матерјали за работа.
- Доколку кандидатот доаѓа од друг град, можност за покривање трошоци за сместување.
Аплицирајте на www.lthcastings.com најдоцна до 04/07/2025.
Ве очекуваме!
*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.