Главни задачи:

  • ракување со опремата за леење, извршување едноставни операции при моделирањето на одлеаноците врз база на технолошки постапки, цртежи и дадени инструкциич;
  • контрола на квалитетот на одлеаноците преку визуелна проверка, откривање на површински недостатоци и елиминација на лошо одлеаните парчиња;
  • прилагодување на операцијата на машините според упатствата и инструкциите дадени од страна на технолозите ;
  • контрола на работата на машините и опремата со цел обезбедување производ според дадени спецификации;
  • одржување чиста работна средина и почитување на правилата и прописите за безбедност и здравје при работа;
  • познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место

Очекуваме:

  • завршено средно образование
  • работа во три смени на локација Охрид
  • подготвеност за континуирано едуцирање и дообучување
  • способност за тимска работа,
  • грижа за чисто работно место.

Нудиме:

  • конкурентна плата плус додатоци на плата
  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • обезбеден топол оброк
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување
  • награди и бонуси согласно покажани резултати

Аплицирајте на  Слободни работни места | LTH Castings до 19/09/2025 година.

Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

wwww.lthcastings.com Ι [email protected]