Главни задачи:

• ракување со опремата за леење, извршување едноставни операции при моделирањето на одлеаноците врз база на технолошки постапки, цртежи и дадени инструкции;

• контрола на квалитетот на одлеаноците преку визуелна проверка, откривање на површински недостатоци и елиминација на лошо одлеаните парчиња;

• прилагодување на операцијата на машините според упатствата и инструкциите дадени од страна на технолозите;

• контрола на работата на машините и опремата со цел обезбедување производ според дадени спецификации;

• одржување чиста работна средина и почитување на правилата и прописите за безбедност и здравје при работа;

• познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место

Очекуваме:

– завршено средно образование

– работа во смени на локација Охрид

– подготвеност за континуирано едуцирање и дообучување

– способност за тимска работа,

– грижа за чисто работно место.

Нудиме:

• конкурентна плата плус додатоци на плата

• покриени трошоци за превоз до и од работа (во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)

• обезбеден топол оброк

• исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес

• исплата на новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување

• награди и бонуси согласно покажани резултати, додаток за присутност

Аплицирајте на Слободни работни места | LTH Castings

Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 90 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

www.lthcastings.com Ι [email protected]