Доколку сакате да станете дел од нашиот динамичен производствен тим, сте подготвени за работа полна со предизвици и сакате да учествувате во создавање на квалитетни производи – ве покануваме да се приклучите на нашата успешна компанија.
Ваши одговорности:
- Изведување на внатрешен и надворешен транспорт
- Правилно товарање и истоварање на стоката согласно прописите
- Надзор на состојбата на виљушкарите и уредите
- Грижа за редот на одредените депонии
- Одржување на чисто и уредно работно место
- Почитување на прописите од областа на безбедност при работа и екологија
- Извршување на други задачи според квалификациите и насоките на работодавачот
Услови за работа:
- Работната позиција бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно.
Локација:
- ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – работа во смени (4-3)
Знаења и компетенции потребни за исполнување на работната позиција:
- Минимум основно образование
- Предност имаат кандидати со работно искуств
- Одговорност и сигурнос
- Прецизност
- Мотивација за работа
Нудиме:
- Редовна и стимулирачка месечна плата.
- Долгорочно и сигурно вработување во компанија со 75-годишна традиција во автомобилската индустрија.
- Можност за личен и професионален развој во динамична работна средина.
- Обезбеден топол оброк
- Додаток за присутност.
- Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес.
- Исплата на новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување.
- Награди и бонуси согласно покажани резултати.
- Паркинг во непосредна близина на фабриката.
- Учество на различни спортски настани.
Аплицирајте на Слободни работни места | LTH Castings до 19/09/2025 година.
*Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
wwww.lthcastings.com Ι [email protected]