Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони утре во Охрид
26.11.26 11:05
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 27 ноември 2026 година (петок), ќе биде домаќинка на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, чии коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.
На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.
Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи во Охрид, од денеска во Охрид и Струга, на сила се засилени безбедносни мерки и посебен режим ...
На 26112026 во СВР Охрид е пријавено дека на 25112026 во 20:45 часот на ул„15 Корпус“ во Охрид, едно лице физички нападнало 40-годишно лице, двајцата од Охрид По целосно документирање на настанот, ...
На 90 годишна возраст во Охрид почина Миле Трпеновски, големиот хуманист, долгогодишен секретар и доајен во Црвен крст Охрид, Црвен крст на Македонија и воопшто во хуманото движење на Црвен крст и ...