Веќе полека ви недостасуваат идеи како да се нашминкате, а да не изгледа дека веќе се повторувате. Време е да се свртите кон модните трендови кои ќе ви помогнат како да изгледате што поубаво во било кое време од годината.

Летото е познато како годишно време кога е најдобро да носите лесни бои. Тоа е време кога пудрата мирува на полицата и кога наместо тешки подлоги користите тонирани креми, за да ги прекриете недостатоците, а ги истакнувате предностите.

Пролетта и есента дозволуваат многу повеќе комбинации во кои се менуваат разни бои и нијанси.

Зимата е спротивност на летото, и таа е време кога на лицето треба да ставите појака подлога. Таа е важна за да го заштите лицето од студот и ветрот.

Совршената шминка за зима подразбира црвени образи, црвени усни и разни нијанси на кафеава, златна и виолетова боја на сенките за очи. Зимската шминка е створена за темни бои и замаглени очи кои никогаш нема да здосадат.

Додека очите ќе ги украсите со светли сенки, на усните ставете мат кармин во темно црвена боја. Ако не сте љубител на црвените кармини, нема да погрешите и ако се одлучите за некоја друга потемна нијанса која убаво му прилега на вашето лице.
За сите љубители на класичниот и елегантен изглед тука се нежните нијанси со боја на праска и розевите нијанси. За подрачјето околу очите да не биде пресветло, земете црн туш за очи и повлечете го на самиот корен од трепките.

Дозволени се и поживи бои на капаците, а ако се одлучите за веселите нијанси на зелената, виолетовата или некоја друга боја, внимавајте да не претерате со другите бои на лицето за да не изгледате шарено.