Во пресрет на големиот духовен настан и доаѓањето на моштите на Светата великомаченичка Недела на 25 и 26 април, подготовките во селото Оровник се во полн ек и секојдневно се интензивираат за достоинствен пречек на многубројните поклоници.

За таа цел изработено е двострано обележје со ликот на светицата, на кое е испишано името на манастирот, кое е поставено на патот во селото кој води до светилиштето.

Организацискиот одбор и локалното население посветено работат на уредување на просторот околу манастирот, очекувајќи илјадници верници од Охрид, Струга и цела Македонија.

Подготовките се при крај, а секој детал е внимателно осмислен овој голем настан што за прв пат се организира во овие краишта да помине во најдобар ред и достоинствена атмосфера, велат од организацијата.

Литијата со светите мошти на Света Недела кон крајот на овој месец, ќе го претвори Оровник во духовно средиште на Охридскиот регион.

OhridNews