Спомен плоча во чест на д-р Анастас Коцарев, орденот ќе биде поставен во Куќата на Робевци
16.04.26 09:24
Денеска во непосредна близина на влезот од Долни Сарај ќе биде откриена спомен-плоча на куќата каде што е роден д-р Анастас Коцарев.
Спомен-плочата заеднички ќе ја откријат Соња Коцарева Трпезаноска, внука на Коцарев и градоначалникот Кирил Пецаков.
По настанот ќе следи посета на музејот „Куќата на Робевци“, каде што во посебна витрина ќе биде поставен орденот на д-р Анастас Коцарев, информираат од Општина Охрид.
Инаку, вчера претседателката Гордана Сиљановска – Давкова постхумно го одликува д-р Анастас Коцарев со Орденот „Илинден 1903“ за неговиот исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид реализираа посета на Одделот за геријатрија при О...
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Специјализираната болница за нефрологија и дијализа од Струга во сабота, 21 ноември, организираат едукативна трибина насловена „Да збо...
Охрид во март 2027 година ќе биде домаќин на 30 јубилејно годишно собрание на Европската едриличарска федерација (ЕУРОСАФ) Кандидатурата на Едриличарската федерација на Македонија (ЕФМ) беше едногл...