Нашиот северен сосед Србија остана без свој претставник во Лигата на Европа, откако Партизан исто како и Црвена Ѕвезда во 1/16 финалето ја заврши евро-авантурата за оваа сезона.
Неприминлива пречка за белградските „црно бели“ беше Викторија Плзен која со вкупен резултат (3-1) обезбеди пласман во следната фаза. Чесите со триумф (2-0) пред своите гледачи го капитализираа позитивно реми (1-1) од првиот меч во Белград.
Резултати: Локомотив Москва – Ница 1-0 (4-2), Атлетико Мадрид – Копенхаген 1-0 (5-1), Динамо Киев – АЕК 0-0 (1-1), Лацио – ФЦСБ 5-1 (5-2), Лајпциг – Наполи 0-2 (3-3), Спортинг Лисабон – Астана 3-3 (6-4), Викторија Плзен – Партизан 2-0 (3-1), Виљареал – Лион 0-1 (1-4), Зенит – Селтик 3-0 (3-1).
Во заградите се вкупните резултати од двата мечеви.
OhridNews